КК Маџари ги подмири обврските кон МКФ

КК Маџари се огласи со соопштение до јавноста, по повод информациите дека не добива лиценца за настап во Суперлигата, заради неисплатени долгови кон Кошаркарската федерација.

КК Маџари во целост ги подмири сите свои финансиски обврски.

Задоцнувањето во подмирувањето на обврските било резултат на технички проблем со службениот e-mail на клубот, како и периодот на летни одмори, што предизвика доцнење во комуникацијата и реализацијата на плаќањата.

Воедно, од таборот на Маџари истакнуваат дека ова соопштение од МКФ доаѓа во исклучително неблагодарен момент за клубот, затоа што токму денес се очекува официјална информација во врска со апликацијата за учество во АБА-2 лигата, процес за кој МКФ е целосно запознаена и информирана.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО