Пристојната натпреварувачка сезона 2026-2027, во второлигашката АБА конкуренција, Македонија ќе има три свои претставници.
Покрај шампионот МЗТ Скопје Аеродром, учеството е потврдено и на вицепрвакот Маџари како и тимот на ТФТ кој лани играше финале во АБА2.
Тимовите ќе бидат поделени во четири групи во кои ќе бидат поделени 17 екипи. Тие ќе одиграат по двокружен систем (дома-гости), со тимовите од својата група.
Првопласираните екипи од четирите групи директно ќе се пласираат во плејофот (четвртфинале), додека второ и третопласираните ќе играат таканаречен плејин.
Составот од Тафталиџе е во Б групата во која има вкупно петте екипи. Противници на ТФТ ќе бидат: Слобода, Шенчур, Херцеговац и Подгорица.
Шампионот МЗТ Скопје ќе игра во групата Ц, против екипите на: Сутјеска, Слобода Ужице и Триглав Крањ.
Дебитантот во ова натпреварување тимот на Маџари, е сместен во А конкуренцијата, а противници ќе му бидат: Војводина, Борац Чачак и Морнар.