Андреј Маслинко го продолжи договорот со МЗТ Скопје Аеродром

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје ја продолжи соработката со репрезентативецот Андреј Маслинко.

Крилниот центар стави потпис на нов едногодишен договор и ќе остане во таборот на аеродромци и во сезоната 2026/27.

За 29-годишниот кошаркар ова ќе биде седма сезона во сино-белиот дрес, откако првпат пристигна во клубот во 2017 година.

Маслинко досега освои три шампионски титули и три трофеи во Купот на Македонија, а во периодот меѓу 2021 и 2024 година настапуваше за ТФТ, Гостивар и Пелистер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО