Англискиот 24-годишниот фудбалер Мејсон Гринвуд ги напушти редовите на француски Олимпик Марсеј и ќе ја продолжи кариерата во турскиот вицешампион Фенербахче.
Поранешниот голем талент на Манчестер Јунајтед остави длабока трага во Марсеј, постигнувајќи 22 гола во својата прва сезона, додека минатата сезона повторно беше најдобар стрелец со 26 голови, а додаде и 11 асистенции.
Претходно, една сезона настапуваше како позајмен фудбалер во шпански Хетафе.
„Дојдов во најголемиот турски клуб и едвај ги чекам сите предизвици“, изјави Гринвуд, кој потпиша четиригодишен договор со гигантот од Истанбул.
Гринвуд беше репрезентативец во сите младински категории во Англија, а имаше еден настап за сениорскиот тим.