Јирген Клоп официјално нов селектор на Германија

Договорот на Јирген Клоп со Германската фудбалска асоцијација за преземање на кормилото на „панцерите“ ќе биде на четири години, вклучувајќи го и СП во 2030 година.

Фудбалскиот стратег ќе застане на чело на германската репрезентација, иако тоа за него ќе значи значително намалување на заработувачката.

Поранешниот менаџер на Ливерпул моментно заработува речиси 12 милиони евра годишно во Ред Бул.

Како селектор на Германија тој би заработувал само малку повеќе од неговиот претходник Нагелсман, чија годишна плата беше седум милиони евра.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО