Ракометарите на МКД до 20 години поразени од Хрватска на ЕП

Ракометната селекција на Македонија со дваесет години го забележа вториот пораз на Европското младинско првенство кое што се одржува во Романија.

Во второто коло од групата Д нашите надежи беа целосно надиграни од своите врсници од Хрватска, која што на крај славеше убедлива победа од 34-29 (19-14).

Марко Каевски со седум и Бојан Поповски со шест гола беа најрасположените ракометари во нашиот табор, а по четири имаа Матевски и Крстевски.

За победничкиот тим прв стрелец беше Петар Шпрем со осум погодоци.

Во последното коло Македонија ќе се сретне со селекцијата на Данска.

Во воведното коло претрпевме пораз од Норвешка.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО