Тухел: Горд сум на овие момци, ова е тим кој што не се откажува

Селекторот на репрезентацијата на Англија, Томас Тухел, имаше само зборови на пофалба за своите избраници по вчерашниот фантастичен дуел од осминафиналето од Мундијалот во кој што „Гордиот албион“ на преполната Ацтека го совлада домаќинот Мексико ос 2:3, и на тој начин мина во следната фаза од турнирот обезбедувајќи си четвртфинале против Норвешка.

Мечот против Мексико имаше огромен интензитет, тензија, набој и се останато што носи ваков елиминациски меч. Англичаните очигледно дека растат од турнир во турнир, па синоќа ниту олујата, ниту одложувањето од еден час на мечот, ниту пак стотиците илјади навивачи не им попречија да стигнат до она што го посакуваат.

Тухел воодушен од изведбата на неговите избраници по мечот порача:

„Многу сум горд на момците, одигравме одлично, го доловивме моментот. Ги покажавме нашите способности во секој момент. Сè е прашање на менталитет“, не ја криеше гордоста кон тимот селекторот на Англија.

„Како што секогаш велев, овој тим секогаш има можност да покаже повеќе бидејќи никогаш не се откажува и никогаш не се враќа назад“, увери Тухел па поентираше.

„Добро е што победивме. Во следните два дена ќе размислуваме за овој натпревар додека се одмараме, бидејќи ова е навистина „Ацтека“, секој момент тука е многу посебен.“ – рече Тухел.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО