Македонската ракометна репрезентативка Ангела Јанкуловска официјално потпиша договор со словачкиот клуб Дунајска Стреда.
По две успешни сезони поминати во чешкиот тим Славија Прага, каде што даде клучен придонес во освојувањето на шампионската титула, 23-годишната македонска репрезентативка одлучи кариерата да ја продолжи во Словачка
Нејзиниот нов клуб, Дунајска Стреда, важи за силен регионален тим кој минатата сезона заврши како вицешампион во словачкото првенство и успеа да го освои пехарот во регионалната МОЛ лига.
Настапуваше за ЖРК Куманово, а потоа помина три години во екипата на ЖРК Ѓорче Петров, со која освои три последователни титули во домашното првенство.