Мароко испиша историја на СП

Мароко со победата над Канада стана првата африканска репрезентација што двапати се пласирала во четвртфиналето на СП.

Мароко продолжува да испишува историја на Светските првенства. По убедливата победа од 3:0 над Канада,

Мароканците се пласираа во четвртфиналето и станаа првата африканска репрезентација што двапати стигнала меѓу осумте најдобри на Мундијалите.

Херој на победата беше Азедин Унахи, кој постигна два гола, во 50. и 82. минута, додека конечните 3:0 ги постави Суфијан Рахими во судиското продолжение.

Само четири африкански репрезентации успеале да стигнат до четвртфинале на Светско првенство – Камерун во 1990 година, Сенегал во 2002, Гана во 2010 и Мароко во 2022 година. Сега Мароканците станаа првата африканска селекција што двапати го повторила овој успех, и тоа на две последователни Светски првенства.

Уште поголем успех остварија во 2022 година, кога станаа првата африканска репрезентација што се пласирала во полуфинале на Мундијал, елиминирајќи го Португалија во четвртфиналето.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО