Марковски и Србљак го освоија Македонија Опен во Скопје

Обрад Марковски и Горазд Србљак се победници во конкуренција на двојки на годинашното издание на Македонија Опен, откако во финалето ги совладаа бугарските тенисери Никола Керемедчиев и Давид Симеонов со 2-0 во сетови (7-5, 6-4)

Македонската комбинација до трофејот стигна по 79 минути игра.

Во првиот сет Марковски и Србљак направија брејк за водство од 4-3, но противниците веднаш возвратија и израмнија на 4-4. Решавачкиот момент дојде во 11. гем кога македонските тенисери повторно го одзедоа сервисот на ривалите, а потоа сигурно го привршија сетот со 7-5.

Во вториот сет повторно направија брејк во седмиот гем за 4-3, а со уште еден одземен сервис во завршницата го потврдија триумфот и славеа со 6-4.

Марковски и Србљак претходно денеска успешно ја минаа и полуфиналната пречка, победувајќи ги Николас Бруна и Франциско Томас Гешвинд со 2-0 во сетови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО