Македонскиот суперлигаш ГРК Охрид обезбеди големо засилување за иднината, откако постигна договор за враќањето на јапонскиот ракометар Косуке Јасухира.
Двете страни се договорија соработката повторно да започне од сезоната 2027/2028. Тој ќе се врати во Бурган со кого е под договор, а потоа ќе дојде во Македонија.
Со потпишаниот договор, Јасухира се обврза да го носи дресот на охридскиот клуб најмалку две сезони, со што раководството го обезбеди враќањето на еден од најомилените ракометари меѓу навивачите.