Мартин Ивановски потпиша за ГРК Охрид

Македонскиот репрезентативец Мартин Ивановски и официјално е нов ракометар на ГРК Охрид.

Средниот бек се враќа во својот матичен клуб и претставува седмо засилување на охридскиот тим во пресрет на сезоната 2026/2027.

25-годишниот Ивановски потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката и за сезоната 2027/28. Ракометарот, кој е висок 182 сантиметри, во новата сезона ќе настапува со дресот со број 34. По потпишувањето на договорот,

Ивановски не го криеше задоволството што повторно ќе го носи дресот на клубот во кој ги направил своите први ракометни чекори.

„Пресреќен сум што се враќам во матичниот клуб, во мојот роден град, каде што започна мојата ракометна приказна. Охрид е амбициозен клуб кој од година во година бележи напредок, а освоениот европски куп е доказ дека тимот се движи во вистинска насока. Верувам дека тоа е само почеток на една успешна приказна. Се надевам дека заедно ќе успееме да го подигнеме клубот на уште повисоко ниво и ќе се радуваме на многу трофеи и успеси“, изјави Ивановски.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО