Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја мина првата пречка во поединечна конкуренција на ИТФ турнирот во Загреб, откако денеска го совлада Чехот Јан Фачек со 2-0 во сетови (6-2, 6-3).
Противник на Ивановски во следното коло ќе биде Павлос Циципас од Грција, кој со 2-0 во сетови го победи Кирил Кивацев.
Ивановски во првиот сет направи два брејка во првиот и во петтиот гем, а тоа му овозможи предност и водство од 5:1 и сетот го заврши со 6:2. Во вториот сет резултатот беше израмнет до 3:3, а потоа следуваше мини-серија на Ивановски од три гема со два брејка и по реализацијата на втората меч топка го доби сетот со 6:3.
Од македонските тенисери утре настап ќе има и првиот носител Олег Приходко, кој ќе игра против Хлеб Секачов.