Андреј Јакимовски го напушти Тренто

Македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски повеќе не е кошаркар на италијанскиот Тренто откако ја активираше излезната клаузула од договорот што го потпиша во летото 2025 година.

Од клубот официјално потврдија дека Јакимовски решил да ја искористи можноста за предвремен раскин на соработката, иако договорот го врзуваше со Тренто и за сезоната 2026/27.

Во дресот на италијанскиот тим, македонскиот кошаркар одигра 55 официјални натпревари и бележеше просек од 9,2 поени и 4,9 скока по натпревар, со 52,2% успешност за два и 32,3% за три поени.

Најдобриот настап го имаше во Еврокупот против Бурж, кога постигна 30 поени, додаде седум скока и три асистенции, а со индекс на корисност 43 постави клупски рекорд за најдобра индивидуална партија во историјата на Тренто.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО