Во Аргентина откриена највисоката статуа на Меси во светот – висока е 26 метри и тешка 70 тони

Аргентина ја откри највисоката статуа во светот посветена на својата фудбалска икона Лионел Меси.

Монументалниот споменик е поставен во Патагонија, во покраината Неукен, на една од главните улици во градот Кутрал Ко, а неговите димензии се навистина импресивни – висок е 26 метри и тежок околу 70 тони.

Автор на проектот е аргентинскиот скулптор Алдо Бероиса, кој со своето дело му оддаде почит на осумкратниот освојувач на „Златната топка“ и светски шампион со Аргентина.

Локалната заедница сакала да создаде препознатлив туристички симбол во чест на најголемиот аргентински фудбалер, па статуата е поставена на место од кое може да се забележи и од голема далечина.

Со тоа Меси сега е „најголем“ не само во фудбалска смисла, туку и буквално.

На социјалните мрежи се појавија и коментари дека ликот на статуата не наликува целосно на славниот Аргентинец, но за повеќето навивачи тоа е споредна работа во споредба со фактот дека е реализиран еден од најголемите проекти посветени на нивниот идол.


Интересно е што до неодамна рекордот за највисока статуа на Меси го држеше споменик висок 21 метар во Калкута, Индија. Сепак, тој беше демонтиран поради загриженост за стабилноста на конструкцијата при силни ветрови.

Интересно е што до неодамна рекордот за највисока статуа на Меси го држеше споменик висок 21 метар во Калкута, Индија. Сепак, тој беше демонтиран поради загриженост за стабилноста на конструкцијата при силни ветрови.

Во меѓувреме, Меси продолжува да пишува историја и на теренот. На неодамнешниот натпревар против Алжир на Светското првенство 2026 постигна хет-трик во победата на Аргентина од 3:0 и се израмни со Мирослав Клосе на врвот на листата на најдобри стрелци во историјата на Мундијалите со 16 погодоци.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО