Унгарската ракометна федерација му врачи отказ на селекторот Чема Родригез по неуспехот да го однесе националниот тим на Светското првенство 2027.
Иако Родригез имаше договор до 2028 година, сепак одлучено е за предвремен прекин на соработката, откако ИХФ неодамна ја скрати и последната надеж на Унгарците, со помош на „вајлд карта“ да играат на светскиот шампионат.
Чема Родригез работеше за националниот тим седум години, од кои повеќе од четири како селектор.
Би сакал искрено да му се заблагодарам за многуте незаборавни моменти. Сепак, не постигнавме задоволителен резултат во квалификациите за Светското првенство 2027, нашите шанси за пласман на Олимписките игри исто така значително се намалени, а за време на евалуацијата по квалификациите за Светското првенство, одборот, земајќи ги предвид неколку фактори, донесе одлука дека е потребна промена на селекторската функција, па затоа Чема Родригез ја напушта функцијата главен тренер“ – рече Ференц Илиеш, претседател на Унгарската ракометна федерација, образложувајќи ја одлуката за разделба со Чема Родригез.