Официјално: Рубен Аморим на клупата на Милан!(ФОТО)

И дефинитивно сега веќе нема дилеми, најавите се остварија.Од денес, Рубен Аморим официјално е на чело на Милан, како што објави клубот во официјално соопштение за медиумите. Тој потпиша двегодишен договор, иако клубот не го објави тоа. Аморим доаѓа по неуспешниот престој на Олд Трафорд каде што не успеа да постигне сериозен резултат во Премиер лигата со Манчестер Јунајтед, а ова потпишување го слави Манчестер Јунајтед затоа што португалскиот стручњак беше симнат од платен список. „Постојат амбиции што ги имате во текот на вашата кариера, а тренирањето на Милан отсекогаш било една од моите. Знам точно што значи овој клуб, каква историја има, неговиот престиж. Едвај чекам да започне“, рече Аморим.

Патем, пред седум или осум години, кога ја започна својата тренерска работа, Аморим нагласи дека би сакал да биде дел од Бенфика и Милан, и очигледно, овој сон се оствари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО