Саша Обрадовиќ нов тренер на Хапоел Ерусалим

Српскиот кошаркарски тренер, Саша Обрадовиќ, официјално го презема тимот на Хапоел од Ерусалим.

57-годишниот стратег доаѓа во Израел откако му заврши вториот мандат во Црвена Звезда, со која сезонава успеа да избори пласман во евролигашкиот плеј-ин.

Обрадовиќ по пристигнувањето во Ерусалим изјави дека сака да создаде силен и конкурентен тим, кој ќе биде успешен на домашната сцена, но и во меѓународни рамки.

Тренерската кариера ја започна во германскиот Келн, а потоа работеше во Киев, Згрожелец, Доњецк, Алба Берлин, Локомотив Кубан, Монако и Црвена Звезда.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО