Гејџи пред очите на Трамп го сруши Топурија

Едно од најголемите изненадувања во историјата на УФЦ се случи на спектаклот одржан во Белата куќа, каде што Џастин Гејџи го шокираше светот и го победи претходно непоразениот Иља Топурија.

Пред повеќе од 100.000 гледачи собрани во блискиот Елипс Парк, како и во присуство на американскиот претседател Доналд Трамп, Гејџи создаде сензација и ја прекина доминацијата на шампионот.

Американскиот борец беше пречекан со овации од публиката на тревникот на Белата куќа, а поддршката ја оправда со фантастичен меч против еден од најдобрите борци на денешницата.


Борбата беше прекината во четвртата рунда откако Топурија го предаде мечот, па Гејџи беше прогласен за победник и нов шампион. За Топурија, ова е прв пораз во неговата професионална кариера, па сега има скор од 17-1, додека Гејџи стигна до својата 27-ма победа со пет порази и напиша една од најголемите приказни во историјата на УФЦ.

Многу експерти веќе проценуваат дека ова е едно од најголемите изненадувања што ги видел ММА спортот во последните неколку години, особено имајќи ја предвид доминацијата што ја покажуваше Топурија пред овој меч.

Foto:EPA

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО