Серена Вилијамс се врати со победа по четиригодишна пауза

Легендарната американска тенисерка Серена Вилијамс успешно се врати на професионалните терени, забележувајќи победа во двојки на турнирот во Квинс по речиси четири години отсуство од натпреварувачкиот тенис.

Четириесет и четиригодишната Вилијамс, која последен пат настапи на US Open во 2022 година, настапи во пар со младата канадска тенисерка Викторија Мбоко.

Двете славеа против третите носителки, Никол Мартинез и Ерин Раурлиф, со 7-6 (7-2), 6-2.

Публиката во арената „Енди Мареј“ ја поздрави Вилијамс со стоечки овации при нејзиното прво појавување на тревнатите терени на Квинс Клубот.

Освојувачката на 23 гренд слем титули во сингл уште еднаш покажа дел од својата препознатлива моќ, сервирајќи со брзина до 193 километри на час.

„Навистина уживав играјќи со Вики. Таа беше одлична во клучните моменти и можев целосно да се потпрам на неа. Никогаш претходно не сме играле заедно, но сè изгледаше многу природно“, изјави Вилијамс по натпреварот.

Во четвртфиналето, американско-канадската двојка ќе се соочи со Leylah Fernandez и Laura Siegemund.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО