Ѓер и Мец ќе се сретнат во финалето на женската ракометна ЛШ

Актуелниот европски шампион Ѓер обезбеди место во финалето на Лигата на шампионите во женска конкуренција, откако во полуфиналето на фајнл-фор турнирот славеше против Брест со минимални 31:30

Унгарскиот гигант ќе има можност да ја освои третата последователна титула и вкупно осмата европска круна во својата историја.

Во големото финале ќе се сретне со францускиот Мец, кој ќе настапи во своето петто финале на завршниот турнир, но сè уште ја нема освоено шампионската титула.

Најефикасна во победничкиот состав беше Дион Хушир, која постигна девет гола од 13 обиди. Кај Брест се истакна Ана Вјахирева со седум погодоци од девет шута, од кои три беа реализирани од седум метри.

Финалниот натпревар меѓу Ѓер и Мец е закажан за во недела со почеток во 18 часот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО