Илиев: Сакаме прва победа

Новото издание во Европската лига, машката репрезентација на Македонија го отвори со пораз од Холандија и покрај тоа што понуди соодветен отпор. Следува мечот со Луксембург.

„Прв официјален натпревар во овој циклус и според мене одигравме солидно. Гостите беа порасположени во одредени сегменти од играта, особено на сервисот. Немаме време за жалење, мора да ги анализираме нашите грешки и да се фокусираме на следниот натпревар со Луксембург.

Имаме простор да се рехабилитираме, ќе го следиме и дуелот меѓу Холандија и Луксембург, ќе добиеме уште подобра слика за следниот предизвик, во кој атакуваме на прва победа во Европската лига годинава“ – вели еден од најефикасните одбојкари на мечот со Холандија, Стојан Илиев.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО