Во второто коло на Ролан Гарос испадна и Стефанос Циципас

Откако претходно елиминација доживеа првиот светски тенисер, Јаник Синер, во четвртокот видовме ново изненадување на грен слем турнирот Ролан Гарос.

Во второто коло италијанскиот играч Матео Арналди во четири сета со 7:6, 5:7, 6:3 и 6:2 го совлада Стефанос Циципас од Грција.

Гркот беше елиминиран во раните рунди и на претходните турнири, беше поразен од Лернер Тијен во второто коло во Женева, а во Рим загуби против Томаш Махач од Чешка.

Во следната фаза Арналди ќе се соочи со Белгиецот Рафаел Колињон кој исто така направи изненадување триумфирајќи над петтиот носител на турнирот, Американецот Бен Шелтон со 6:4, 7:5 и 6:4.

Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 4:6, 6:0, 7:5 и 6:1 победи против Аргентинецот Роман Андрес Буручага.

Во следната фаза од турнирот одат и Ф. Тијафо, Ф. Комесана, Б. Накашима, М. Беретини, а понатаму оди и А. Табило кој без борба го доби мечот против В. Вашеро кој се повлече од Ролан Гарос поради повреда.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО