Ракометарите на ГРК Охрид се насочени кон реваншот од финалето во ЕХФ Европската лига.
По минималната победа во Унгарија од 29:28, следува реваншот против Татабања кој е закажан за 31 мај со почеток од 20.00 часот во салата „Билјанини Извори“.
Еден од клучните играчи во тимот на ГРК Охрид, јапонскиот интернационалец Косуке Јасухира ги сподели очекувањата пред реваншот:
– Ни следува финалето на ЕХФ Европскиот куп. Подготвени сме максимално, ќе се бориме за Охрид, заедно да испишеме историја за клубот – се зборовите на Јасухира кој постигна четири погодоци на првиот меч.