Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, се огласи откако беше елиминиран грчкиот гигант од Евролигата.
Патанаикос загуби на петтиот натпревар од четвртфиналната серија против Валенсија и со тоа не успеа да се квалификува за фајнал форот, кој ќе се одржи во Атина, оваа година.
Јанакопулос се огласи на социјалните мрежи, испраќајќи порака до навивачите преку „Инстаграм“ и велејќи дека клубот ќе се врати уште посилен.
– Дозволете ми да ви кажам нешто: горчината се лекува со уште поголема горчина. Поминавме низ многу такви тешки моменти и знаеме како да се извлечеме од нив – порача Јанакопулос.