Познати паровите за ракометната Ф4 во ЛШ

Европскиот ракометен крем повторно ќе се собере во Келн, а на денешната ждрепка беа одредени полуфиналните двојки за завршниот турнир во ЛШ.

Бранителот на титулата Магдебург ќе игра против Фуксе Берлин во германското дерби, додека Барселона за ривал го доби дански Алборг.

Барселона ќе атакува на нов европски трофеј, Магдебург има за цел да го одбрани тронот, а Алборг и Фуксе Берлин ќе се обидат за првпат да стигнат до европскиот врв.

Интересно е дека овие парови се всушност последните две финалиња од минатата и предминатата сезона.

Завршниот турнир ќе се одржи на 13 и 14 јуни во „Ланксес Арена“

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО