Кошаркарите на Монако ќе настапат ослабени во важниот натпревар против Олимпијакос во Евролигата.
Мајк Џејмс ќе биде во составот и подготвен е да му помогне на тимот во клучниот меч.
Неговото присуство е од огромно значење за играта на Монако, особено во офанзивниот дел.
Сепак, францускиот тим ќе биде значително ослабен бидејќи нема да настапат Алфа Диало, Никола Миротиќ и Даниел Тајс.
Отсуството на овие играчи сериозно ја скратува ротацијата и ги намалува опциите на тренерот, особено во одбраната и под кошевите..
Грчкиот гигант има водство од 2-0 во четвртфиналната серија. Третиот меч се игра на петти мај.