Мајкл Карик е сè поблиску до тоа да ја задржи менаџерската функција во Манчестер Јунајтед и во наредната сезона.
Во клубот владее големо задоволство од тоа како 44-годишниот стратег ја води екипата, па сè поизвесно е дека ќе добие понуда да остане на клупата и во иднина.
Според англиските медиуми, Карик наскоро ќе има официјални разговори за постојан ангажман.
Иако раководството разгледува и други опции, евентуалниот пласман во Лига на шампиони нема да биде пресуден фактор во одлуката.
Дополнителен аргумент во негова корист е поддршката од соблекувалната.
Клучни имиња како Бруно Фернандеш, Матеус Куња и Хари Мегваер отворено посакуваат тој да продолжи да го води тимот, а веќе учествува и во креирањето на трансфер-стратегијата.