Сите ја консумираме оваа намирница, а Роналдо не сака ни да слушне: Неговиот поранешен готвач ги откри причините

Роналдо е познат по тоа што тренира и до четири часа дневно и јаде шест мини-оброци богати со протеини. По тренингот посветува посебно внимание на закрепнувањето, а во неговата рутина често се споменуваат сауна и ледени бањи. Една негова фотографија од сауна кон крајот на минатата година собра повеќе од 22 милиони лајкови на Инстаграм.

Без шеќер, без тестенини и без леб

Според Бароне, исхраната на Роналдо се темели на авокадо, свежа риба, пилешко месо, зеленчук, салати, интегрални житарки како киноа и свежо овошје. Акцентот е ставен на храна богата со протеини и со малку масти.

„Исхраната на Кристијано е урамнотежена. Јаде по малку од сè, но секогаш здраво. За појадок јадеше авокадо со кафе, јајца и без шеќер. Апсолутно без шеќер. Ручекот може да биде пилешко, риба и секогаш зеленчук. Ако му требаат јаглехидрати, ги добива преку зеленчук, така што не му треба ништо од брашно“, објаснил Бароне.

Тој додал дека во менито на Роналдо нема тестенини, леб ниту слични намирници, додека вечерите обично се полесни — најчесто риба или месо во форма на филе со зеленчук.

Познато е и дека португалскиот ас избегнува газирани пијалаци. На Европското првенство во 2020 година привлекол големо внимание кога на прес-конференција го тргнал шишето „Кока-Кола“ од масата и им порачал на навивачите да пијат вода.

Соиграчите од португалската репрезентација претходно откриле дека едно од неговите омилени јадења е „Bacalhau à Brás“, традиционална португалска комбинација од јајца, пржен компир и солен бакалар.

Бароне ја споредил исхраната на Роналдо и со навиките на напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд, кој претходно открил дека консумира свежо млеко, стекови и внатрешни органи како црн дроб и срце.

„Се согласувам со исхраната на Ерлинг кога станува збор за органите. Црниот дроб, срцето и мозокот се здрава храна. Тоа се супернамирници. Многу се богати со железо и се важни во исхраната, така што органите ги одобрувам, но не и млекото“, рекол Бароне, додавајќи дека и Роналдо сакал црн дроб.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО