Кошаркарите на Фенербахче поведоа со 1:0 против Жалгирис во плејофот на Евролигата, откако славеа со 89:78 на домашен терен во Истанбул.
Тарик Биберовиќ постигна 16 поени, а најефикасен играчи за литванскиот клуб беше Најџел Вилијамс-Гос со 24 поени.
Олимпијакос го совлада Монако со 91:70 на домашен терен во Атина. Кај победникот блескаше Саша Везенков со 20 поени, а за француската екипа, Мајк Џејмс беше прв стрелец со 19 поени. Следниот натпревар ќе се игра на 28 април, повторно во Атина.
Уште еден грчки претставник, поведе со 1:0 во плејоф серијата, Панатинаикос на гости со 68:67 триумфираше кај шпанската Валенсија.
Кендрик Нан со 21 поен, а придонес имаше и македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс со 12 поени, еден скок и две асистенции за скоро 22 минути игра на паркетот.
На спротивната страна Џин Монтеро се истакна со 15 поени, и по четири скокови и асистенции. Следниот меч повторно се игра во Валенсија на 30 април.