Френк Лампард повторно на клупата на Челзи?

Лиам Росениор е веќе поранешен тренер на Челси, а веќе се зборува полека за враќањето на Франк Лампард на клупата на “сините“.

Тој е клупска легенда и јасно е зошто неговото име се споменува во контекст на Челзи.

Сепак, како што растат шпекулациите, Лампард реши да стави крај на истите и јасно да стави до знаење дека неговата иднина не вклучува враќање во Лондон, барем не во моментов, бидејќи е целосно посветен на проектот што започна во Ковентри Сити и кој веќе донесе резултати што малкумина можеа да ги предвидат.

Од моментот кога го презеде Ковентри во ноември 2024 година, Лампард успеа да го трансформира тимот и да го врати неговиот идентитет, стабилност и верба.
Кога беше директно прашан за евентуално враќање во Челзи, тој избегна подлабока анализа на ситуацијата во неговиот поранешен клуб, покажувајќи професионализам и почит кон средината каде што помина значаен дел од својата кариера, но исто така јасно стави до знаење каде се неговите приоритети.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО