ЖРК Ѓорче Петров ја продолжи доминацијата во Купот на Македонија кај дамите. „Лавиците“ дојдоа до 19. пехар во ова натпреварување, трет по ред, откако во финалето славеа против Спартак 30-33 (14-18), кој пак не успеа да приреди ново изненадување.
Со по седум гола во таборот на победничките се истакнаа репрезентативките Емилијана Ризоска и Марија Гугуљанова, како и Армина Исиќ. Кај Спартак со 12 гола најдобра беше Сузана Зечевиќ, а десет даде Анастасија Николовска.