Алваро Арбелоа ќе добие отказ на крајот од оваа сезона

Шпанските медиуми вечерва сензационално пренесуваат дека раководството на Реал Мадрид веќе донело одлука на крајот од оваа сезона да му се заблагодари на Алваро Арбелоа и да тргне во потрага по нов тренер.

„Кралевите“ и втора сезона по ред нема да освојат трофеј, секако доколку не се случи чудо и завршат пред Барселона во Ла Лига, но „каталонците“ во моментов имаат предност од девет бода.

43-годишниот Шпанец го предводеше Реал Мадрид на 21 натпревар со ефект од 13 победи, едно реми и седум порази.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО