Кошаркарите на првакот и лидер на Западната конференција Оклахома сити на последните неколку натпревари играат во променлива форма и покажуваат слабости. Тоа го искористи Минесота за да стигне до победа од 123:111.
Исклучително инспириран беше Ентони Едвардс, а неговата екипа во првиот дел дојде до двоцифрена предност, а во продолжението ја зачуваа разликата. Едвардс кај Минесота постигна 26 поени, додека Шеј Гилџус-Александер реализираше 30 поени за Оклахома сити.
Добра вест има за навивачите на Денвер, Никола Јокиќ не настапи, но се загреваше пред дуелот со Бруклин.
На другите дуели беа постигнати следниве резултати: Филаделфија – Сакраменто 113:111, Вашингтон – Милвоки 109:99, Атланта – Хјустон 86:104, Чикаго – Мајами 113:116, Далас – Шарлот 121:123, Денвер – Бруклин 107:103 и Феникс – Детроит 114:96.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: