Јокиќ првпат го коментираше дебаклот на Србија на Европското првенство

Ѕвездата на Денвер Нагетс и најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ за првпат отворено проговори за неуспехот на репрезентацијата на Србија на Европското првенство, каде „орлите“ беа елиминирани порано од очекуваното.

Во својата изјава, Јокиќ беше искрен и самокритичен:

-Играа одлично. Ние не бевме подготвени, а ни јас не бев подготвен од самиот почеток.

Јокиќ истакна дека Србија знаела што ја очекува, но не успеала да одговори на интензитетот и физичката подготвеност на противникот.

-Ги гледавме снимките, знаевме што ќе направат, но тие беа подобри и поагресивни, додаде центарот.

Иако Јокиќ одигра одличен натпревар со 33 поени и 8 скока, тоа не беше доволно да се избегне елиминацијата. Српските медиуми пренесуваат дека оваа негова изјава е првпат тој директно да ја преземе одговорноста и да признае дека тимот не бил во вистинска форма за голем турнир.

Дебаклот на Европското првенство ја отвори дебатата за подготовките и системот во српската кошарка, а јавноста очекува одговори и промени пред следниот циклус на натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО