Несреќа за ракометарот Урош Борзаш и неговиот клуб РК Алкалоид – бекот се повреди за време на мечот против Еурофарм Пелистер 2 во рамките на Суперлигата.
Борзаш ја повреди левата дланка по еден дуел во одбраната и веднаш беше заменет, придружуван од физиотерапевтот. Повредата изгледаше сериозно, а клубот наскоро ќе објави повеќе детали откако ќе бидат направени медицинските прегледи.
Ова е голем удар за тимот на Алкалоид, бидејќи Борзаш е еден од најважните играчи во составот и столб на одбраната. Неговото отсуство доаѓа во момент кога клубот го очекува тежок распоред – натпревари против Вардар, Охрид, Тиквеш и гостување кај Еурофарм Пелистер.
Тренерскиот штаб ќе мора да бара алтернатива на бековската позиција, додека навивачите се надеваат дека повредата нема да го држи Борзаш предолго надвор од терените.