Легендарниот италијански стратег Фабио Капело остро го критикуваше Интер по поразот од Наполи со 1:3 во дербито на Серија А.
– Интер изгледа неорганизирано, ранливо и без идентитет. Тимот не знае како да се брани, а уште помалку како да изгради напад, изјави Капело за Скај Спорт Италија.
Од друга страна, искусниот тренер ги пофали „партенопејците“:
– Наполи беше поконкретен и подобро организиран, дури и без повредениот Кевин Де Брујне. Тимот покажа карактер и зрелост.
Со оваа победа, Наполи повторно се вклучи во борбата за врвот на табелата, додека Интер влезе во мини-криза по серија на слаби настапи.