Победа за Арсенал, пораз за Сити – Борнмут се искачи на второто место

Фудбалерите на Арсенал славеа тесна, но значајна победа над Кристал Палас со 1:0, што му донесе нов импулс во трката за врвот на Премиер лигата.
Голот го постигна поранешниот фудбалер на Палас, Еберечи Езе, во 39. минута.
Во исто време, Манчестер Сити доживеа изненадувачки пораз на гости кај Астон Вила со 1:0, што значително ја наруши нивната форма.
Токму поразот на „граѓаните“ го искористи тимот на Борнмут, кој победи со 2:0 над Нотингем Форест (голови од Таверние од корнер и Крупи).
Така, Борнмут сега е на второто место на табелата, зад Арсенал.
Со седум победи на својот конто, Арсенал ја задржува врвната позиција (22 бода), а Сити мора да реагира веднаш доколку сака да се врати во борбата за титула.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО