Фудбалската репрезентација на Македонија за играчи до 21 година претрпе втор пораз во квалификациите за Европското првенство.
По неуспехот на гости во Полска надежите на Горан Станиќ загубиј од фаворитот Италија со минимални 0-1 (0-1).
Средбата која се одигра на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола пред речиси исполнети трибини и околу 8.000 навивачи.
Течеше 35 минута кога Лука Марианучи го отвори резултатот и Италија поведе со 0-1. Дефанзивецот кој летово направи трансфер во Наполи доби нафрлување од Ндур, а бидејќи беше подзаборавен на втората статива лесно го матира македонскиот голман.
До крајот на средбата мрежите на реновираниот битолски стадион мируваа и претрпевме втор пораз.