Вајли: Чест ми е да бидам дел од националниот тим на Македонија

Македонската кошаркарска репрезентација ќе игра на стартот на претквалификацискиот циклус за Мундобаскетот со романија .

На официјалната средба  освен селекторот зборуваше и американскиот центар Џејкоб Вајли.

-Чест е да бидам дел од националниот тим на Македонија, да играм и работам со луѓе како Адем и тренерот Илиевски, како и луѓето од федерацијата. Одушевен бев кога го добив повикот пак да заиграм за вашата земја. Имаем млад тим, малку сме ние поискусните и на нас е да бидеме лидери на помладите. Очекувањата е да дадеме максимум, енергично и физички стабилни. Треба да го докажеме своето ниво и да бидеме компетитивни, изјави Вајли.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО