Баерн Минхен се засили со ѕвездата на Ливерпул

Колумбискиот интернационалец Луис Дијаз е нов фудбалер на Баерн Минхен, потврдија од редовите на германскиот гигант.

Според информации од британските медиуми, вредноста на трансферот изнесува 65,5 милиони фунти. Дијаз, кој има 28 години, стави потпис на договор со важност од четири сезони, со што го стави крај на своето три и полгодишно поглавје во Ливерпул.

„Пресреќен сум. Чест ми е што ќе носам дрес на Баерн, клуб кој е меѓу најголемите во светскиот фудбал. Целта ми е да освојувам трофеи и заедно со тимот ќе се стремиме кон тоа секој ден,“ изјави Дијаз по официјалното претставување.

Тој дојде во Ливерпул во 2022 година од редовите на Порто, а претходно настапуваше и за Атлетико Жуниор и Баранкиља.

Минатата сезона, Дијаз настапи на 50 натпревари за Ливерпул во сите конкуренции и постигна 17 погодоци.

Во дресот на националниот тим на Колумбија има 64 настапи и 19 гола зад своето име.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО