Санџо се враќа на местото каде блескаше

Џејдон Санчо се соочува со сериозен предизвик во својата кариера, која по преминот во Манчестер Јунајтед бележи постојан пад. На „Олд Трафорд“ повеќе не се смета на неговите услуги, а интересот од други клубови е ограничен.

Сепак, надежта доаѓа од познато место – Борусија Дортмунд, тимот каде што англискиот репрезентативец ја имаше својата најдобра форма пред да замине во Јунајтед за трансфер вреден 85 милиони евра.

Германскиот великан е во потрага по фудбалери за засилување на офанзивните страни, и како прва опција повторно го разгледува Санчо, кој во дресот на Дортмунд има постигнато 53 погодоци и 67 асистенции на вкупно 158 натпревари во сите натпреварувања.

Иако моментално не е на врвот на својата форма, Борусија Дортмунд и понатаму има доверба во неговиот квалитет и верува дека на „Сигнал Идуна Парк“ би можел да го врати старото ниво. Клубот е подготвен да плати околу 20 милиони евра за да го ангажира повторно, додека Манчестер Јунајтед се очекува да ја прифати оваа понуда, главно поради желбата да се ослободи од високата плата на 25-годишниот фудбалер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

НАЈНОВО