Наполи ја реши Верона и се врати на првото место

Екипата на Наполи со 2:0 ја совлада екипата на Верона во вечерашниот натпревар од италијанската Серија А. Фудбалерите предводени од Антонио Конте ја остварија четвртата победа во низа и се вратија на првото место на табелата.

Автоголот на Монтипо во 5-тата минута го отвори резултатот, а во 61-та минута Замбо Ангиса ја потврди победата на наполитанците. Со оваа победа Наполи е на првото место со 47 бода, а Верона се наоѓа на 17-тото место со 19 бода, еден повеќе од опасната зона.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО