На 8 јануари фудбалеритре на Струга ќе го имаат првиот тренинг во 2025 година. Првата 10-дневна подготвителна фаза ќе ја одржат во Струга, а од 18 јануари до 1 февруари ќе тренираат во Анталија, Турција.
Во Турција тимот ќе остане до 1 февруари, додека покрај физичката и техничко-тактичката подготовка, ќе одигра и пет пријателски натпревари.
Првиот контролен меч е на 20 јануари кога за противник ја имаат унгарската екипа на Дебрецин. Корона Киелце од Полска ќе биде вториот ривал на 24 јануари, додека само ден подоцна ќе се соочат со рускиот Рубин Казан.
Четврти противник во Анталија на Струга ќе биде Кижилжар од Казахстан, а серијата тест дуели ќе заврши на последниот ден од јануари со средбата против МФК Землин Михаловце од Словачка.
Пролетната сезона ќе започне на 16 февруари, додека на стартот Струга ќе игра против Гостивар. На табелата во Првата македонска лига Струга е на петтата позиција со 32 бодови, пет помалку зад водечките Силекс и Шкендија.