По натпреварот од 16. коло на Бундеслигата, во кој Кил победи со 38:29 против Битигхајм-Метерцимерн, Домагој Дувњак откри дека останува во клубот до јуни 2026 година.
Хрватот тоа го откри за време на традиционалниот божиќен говор, а веста ги одушеви фановите на Кил. Договорот на Дувњак со „зебрите“ истекуваше на крајот од оваа сезона.
„Го сакам овој клуб. Ова е одличен тим со одличен менталитет. Се чувствувам како да сум сè уште потребен тука. Добро се чувствувам на паркетот, со семејството најдовме нов дом овде во Кил“, изјави Дувњак.