Украинецот Хориха уште една сезона во Вардар!

Украинецот Хориха ќе остане во Вардар и наредната сезона потврдија денеска од редовите на „црвено-црните“.

Левиот бек е првиот кој го потврди останувањето во Вардар на уште една сезона по добрите настапи во првиот дел од актуелната.

– Како клуб работиме на формирање тим и  задржување на сите играчи за кои сметаме дека можат квалитетно да помогнат, и на ангажирање на засилувања кои ќе донесат дополнителен квалитет. Во преговори сме со сите играчи кои можат да придонесат за силен Вардар, и знаеме дека изборот ќе ни донесе успех во иднина, изјави Андрија Нунев, оперативниот директор на РК Вардар 1961.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО