Менаџерот на екипата на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека Евертон не е најдобриот противник за Сити во моментов. Натпреварот од 18. коло на Премиер лигата ќе се одигра во четврток во Манчестер.
– Евертон не е идеален противник. Се зависи од нас, од тоа колку брзо ќе се вратиме во најдобрата форма. Ќе биде потребно време. Мора да постигнеме резултати што е можно побрзо. Се среќаваме со Евертон, тие сега се во подем, нивните резултати и перформанси го потврдуваат тоа, изјави тренерот на „граѓаните“.