Албанија следната година ќе биде домаќин на стартот на славната велосипедска трка Џиро д’Италија. Првите три етапи, од 9 до 11 мај, ќе се возат во Албанија, соопштија организаторите.
Првата етапа ќе почне во пристанишниот град Драч и ќе заврши во Тирана, по ридско возење од 164 километри. Тирана ќе биде домаќин на втората етапа долга 13,7 км на индивидуален хронометар. Третата етапа исто така ќе биде ридско возење од 160 км која ќе почне и ќе заврши во крајбрежниот град Валона.
Потоа, по ден одмор, на италијанскиот брег на Јадранот, во регионот на Пулја, трката ќе продолжи на 13 мај. Преостанатиот распоред на рутата на Џиро за 2025 година ќе биде објавен во јануари.