Усик и Фјури, „кралот на циганите“, заработија вистинско богатство во Ријад!

Украинскиот боксер, Олександер Усик го победи големиот ривал Тајсон Фјури, а познато е и колку пари заработија двајцата од фондот што за двајцата боксери изнесуваше околу 183 милиони евра.

Фјури доби околу 82,35 милиони иако загуби, додека победникот Усик кој е непоразен во 23 борби, сега е побогат за 100,65 милиони евра

Победникот во Ријад беше решен со одлука на судиите по 12 рунди жестока борба, а Украинецот беше прогласен за победник што му донесе одбрана на титулата.

Британецот кој себеси се нарекува „крал на циганите“ смета дека тој ја заслужи победата, исто како и на нивниот претходен меч кога победи Усик добиен со одлука на судиите.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО