Фудбалерите на Интер рутински се пласираа во четвртфиналето на Купот на Италија, совладувајќи го Удинезе со 2:0 на домашен терен, иако одиграа без неколку главни ѕвезди. Прашањето на победникот Интер го реши во првото полувреме кога ги постигна двата гола.
Првиот гол во 30. минута го постигна Марко Арнаутовиќ на асистенција на Мехди Тареми, а Кристијан Аслани погоди за 2:0 во судиското надополнување на првото полувреме.
Арнаутовиќ го даде вториот гол сезонава, откако го постигна првиот против Црвена ѕвезда во Лигата на шампиони (ЛШ).
Во четвртфиналето Интер ќе му гостува на Лацио во Рим, додека останатите двојки од таа фаза се Болоња – Аталанта, Јувентус – Емполи и Милан – Рома.